Rss Feed
  1. Една приказна

    April 12, 2013

    Секоја приказна, на овој или оној начин започнува и завршува во градот каде што езерото бидува распорено од една црна река. Па така и оваа приказна своите корени ги пушти таму некаде до капките што мирно истекуваат од животот и одат удолу, удолу...

    Одеднаш, сѐ се престори во убавина. Полека, секој ден стана празник - уште од првата насмевка по отварањето на темните очи, уште по првото кафе со поглед на неосвоената планина, уште од првата прегратка обвиена со топлина, љубов, живот. 

    Дури и во оние лоши денови, кога ќе се разбудиме на десната нога, а надвор е сончево и топлината ни го поматува умот; кога сивилото полека си оди, а сѐ околу нас станува некаков перверзен колаж од бои и мириси кои не припаѓаат никаде освен во циркуз; кога насмевките одбираат да заминат во канализацијата, само за да не бидат видени, од никого - дури и тогаш, ниту една приказна не доаѓа ни блиску до оваа!

    Понекогаш е потребно да ти избега половина од животот низ раце, за дури потоа да го пронајдеш она што не си го барал, она што не си ни знаел дека постои... Тогаш се прашуваш, кога ти започнал животот и дали сѐ пред оваа приказна било само сон?
    Оцени: 
    |
    |


  2. 0 коментар(и):