Rss Feed
  1. Знам дека сѐ уште немаш дојдено. Знам оти не знам ниту како изгледаш, ниту каква ти биде насмевката, ниту колку многу ќе ги сакам утрата кога ќе се будам со твојот глас... Знам дека ќе се појавиш и секоја помисла на твоето пристигнување ми ја грее душата, однатре, онака како што само грст пати во животот се беше случило. 

    Не знам дали знаеш, но те чекам. Те чекам со нетрпение. Ги одбројувам секундите до моментот кога ќе те здогледам. Тоа ќе биде љубов поголема од целиот свет. Тоа ќе биде љубов што ќе трае вечно, до мојот последен здив. 

    Си велам, што ако таа заминеше во онаа студена и дождлива вечер, кога беззабата ламја се обиде да го подметне семето на сомнежот во нејзиното срце? Се прашувам, дали некогаш ќе дознаев каков вкус има вистинската среќа, ако зачекореше во темнината, во непознатото? Зарем ќе ја поднесев болката, не можејќи тебе да ти пишувам, уште пред да ми дојдеш? 

    Не знам дали ќе можев да живеам без сите топли прегратки што оттогаш до сега ги смирија сите мои немири; сите ноќи и утра минати под небото, но и до него; сите насмевки што ги стопија безбројните ѕидови, пречки и бедеми... Но, знам дека не ќе можев да си простам за тоа што никогаш не ќе те дочекав тебе во своите раце, ако амаи отидеше без збор, во темната ноќ со илјадници студени капки и никогаш не ми го донесеше најубавиот подарок.
    Оцени: 
    |
    |


  2. 0 коментар(и):