Rss Feed
  1. Количка

    April 3, 2016

    Излезе од супер маркетот, со количка оптимистички полна до половината, иако доста празна за потребите. Полека ја тркалаше надолу по рампата, кога некој одзади му се обрати.

    - Извинете, ќе може ли да ја вратам количката?

    - Не се мачи друже, нема паричка внатре.

    - Таква ми била судбината, сепак ќе ја вратам - рече човекот со неполни 30 години и веќе остарен поглед.

    Полека чекореше зад него и внимателно чекаше до моментот кога овој ја извади и последната ќеса и ја стави во багажникот, пред да ги пушти рацете и да ја поземе количката за купување.

    Во последен миг, купувачот, без да се заврти, не дозволувајќи никој да забележи дека очите му се насолзени, од внатрешниот џеб на јакната ги извади последните метални 50 денари и скришум ги вметна во механизмот за заклучување. Реши барем за миг да ѝ покаже среден прст на судбината, кога веќе не можеше да ја смени...
    Оцени: 
    |
    |


  2. 0 коментар(и):