За да ја најдеш вистината, мора да отидеш во оној поинаков свет во кој не важат истите правила како во овој. Тука е, блиску, во истиот унивезум, но бездруго во некоја паралелна димензија. Додека сите останати си ги мачат убаво ишишаните главчиња со проблеми кои им раѓаат дилеми – што да облечат за следното излегување, во кој бар да отидат за да ја испијат следната кригла пиво, зошто баш тој или таа ги погледнале со неодгатлив поглед тој ден; постојат и едни други луѓе за кои не важат истите правила. Тие мораат да се борат за секој следен здив. Тие се оние кои ја живеат вистината.
– Брат, слушај што ќе ти кажам. Кога си пун ко брод, имаш куп пријатели. Ти се лигават, идат да се поздрават со тебе кога ќе те видат негде седнат у кафич. А за пичките ич да не ти кажувам. Пун курац ги имаш. Ќе те видат со кола или со мотор како пичиш низ Скопјево и одма лиги им течат и те молат да им го лупнеш! Секогаш сум имал барем една во секој момент – почна да раскажува.
– И што стана после? – прашав.
– И после паднав. Од сите глупости што се исподесија една по друга, останав без ебан денар. И одма поинаква е приказната – ми рече.
– Како мислиш?
– Брат, сега никој не ме ебе. Најголемите пријатели не дошле до врата само да ме плукнат и да речат: „Умри педеру!“ ако ништо друго. Е, до толку ги снемува пријателите, кога ќе те видат у кал!
– Добро бре, знаеш дека вистинските пријатели се познаваат во тешко! – реков.
Заѕвони неговиот телефон. Непознат број. Се јави.
– Еј, па кај си ти? 100 години те нема – рече со горчлива насмевка на лицето.
Потем слушаше. Слушаше добри 4 минути додека соговорникот од другата страна му кажуваше нешто многу, многу важно. А надвор истураше најсилниот дожд во последните неколку години. Улиците залепени на ридовите беа престорени во брзаци, громови маваа ваму и таму, земјата се тресеше.
– Треба да одиме – ми рече, откако го доврши разговорот.
– Што станало? – прашав.
Не ми кажа. Ми рече ќе ми каже по пат. Не успеа. Трчавме низ калливите бари и потоците што јуришеа удолу. Се обидувавме да останеме на нозе, да стигнеме до онаму каде што бевме упатени. Не беше далеку, но се покажа како едно од најдолгите патешествија во мојот живот.
– Фала што дојде педер – му рече сомнителното мало човече со тркалезна глава.
– Немај гајле, за што се пријателите? – одврати тој.
– Немаше да те малтретирам, ама ќе ми се уништи робата, да ја внесеме внатре, знаеш, да му ебам дождов, да му ебам! – кажуваше нешто, не знаејќи ни сам што сака да каже.
Ја дигна церадата од камиончето и започнавме со вадење пакети. Тешки беа, иако никогаш не дознавме што имаше внатре. Никому не му беше важно. Гледавме да ги внесеме во сувата просторија за да не се расипат. Ни требаа десетина минути за да ја завршиме работата.
– Брат, – му рече на малото човече со тркалезна глава – останавме со другарчево без цигари. Ќе ни позајмиш 100 денари, да купиме и кафе? Ти ги враќам за ден-два, немаме од кај да се снајдеме сега.
– Брат, извини, сите пари ги дадов за робава и нафта што стаив у тамчево. Немам денар ебан. Да имам, за тебе знаеш дека не е проблем, ќе те почастев нешто. Ајде утре ќе поминам, ако не – зборуваше.
Потпреврна. И натаму капки ни паѓаа на глава, но тогаш веќе стана и пријатно. Се враќавме полека кон неговиот дом.
– Нема да дојде утре. Таков е. Ќе го видам пак само ако му затреба нешто.
– Зошто му помогнавме?
– Не можам да оставам некого на цедило кога му е тешко – ми рече.
Само што влеговме внатре, тој се упати кон кујната. Ја отвори кутијата со кафе и однатре истури едвај колку за едно. Го свари и го тури по половина во двата филџани. Ја запали последната цигара и рече – друже, делиме по пола.
Јас промумлав нешто за вистината која може да се види само кога ќе ја вкусиш од прва рака. За среќа, никој не ме чу!